23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa воведува ненајавени контроли за пилотите

Lufthansa воведува ненајавени контроли за пилотите

Lufthansa_Beta111

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ ќе предложи ненајавени контроли на пилотите во врска со лековите кои ги користат, а целта на овие контроли е подобрување на условите и безбедноста во авионите.

Директорот на „Lufthansa“, Карстен Шпор го изјави ова за „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, два месеци по падот на авионот на германската авиокомпанија „Germanwings“ на француските Алпи.

„Lufthansa“ ќе предложи контроли на лице место кои ќе ги обавува посебен тим кој ќе го оформат официјални лица од авиоиндустријата. „Germanwings“ работи во состав на „Lufthansa“.

Обвинителите веруваат дека копилотот Андреас Лубиц намерно го насочи и урна авионот во планинaтa, и дека криел од својот работодавец дека има прихолошки прoблеми.

При падот на авионот загинаа сите 150 патници и членoви на екипажот, потсетува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП