20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКакви смартфони можеа да се купат за 200 долари во последните две...

Какви смартфони можеа да се купат за 200 долари во последните две години?

200 dolari

Развојот на технологијата им овозможува на корисниците да купуваат паметни телефони со уште подобри карактеристики, но со пониски цени.

На пример, пред две години најдобра понуда на пазарот врз основа цена-квалитет сооднос во ценовниот сегмент до 200 долари беше „LG Optimus L7 P700“.

 

200 dolari n

Моделот располага со 4,3 инчен екран со резолуција од 480 x 800 пиксели. Процесорот е еден-core Cortex A5 со фреквенција од 1 GHz, а оперативната меморија е од само 512 MB. Внатрешната меморија е од 4 GB. Камерата на овој уред е 5 мегапикселна, додека батеријата е од 1.500 mAh. Овој уред е целосно надвор од стандардите на современите смартфони, иако се уште се нуди по цена од 175 денари во некои онлајн продавници. Значително се подобрија техничките карактеристики на смартфоните со буџет до 200 долари од пред една година. Тогаш како најдобар уред со сличен буџет го определивме моделот „HTC Desire 310“.

 

200 dolari n1

Тој е со quad-core процесор со фреквенција од 1.3 GHz, 1 GB RAM меморија и 4 GB внатрешна меморија. Батеријата е со капацитет од 2.000 mAh. Екранот е „релативно мал“ (според новите перцепции), 4.5-инчен, но резолуцијата продолжува да е ниска на ниво од 480х854 пиксели. Со низок квалитет продолжува и кај главната камера, која е само 5 мегапикселна. Цената до денес е околу 90 евра.

А еве денес каков уред може да биде купен за сума од 200 долари:

200 dolari3

Станува збор за моделот „Meizu M1 Note“ кој е посочен од голем број експерти како еден од најдобрите евтини смартфони на пазарот во моментов.

Уредот е со 5.5-инчен (IGZO) екран со „Corning Gorilla Glass 3“ и резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Процесорот на моделот е осумјадрен од „MediaTek“ со фреквенција од 1.7 GHz. Оперативната меморија на овој телефон е 2 GB, а внатрешната 16 GB. Неговата главна камера е 13-мегапикселна со авто фокус и двоен LED блиц на задната страна, а предната камера е 5 мегапикселна. Батеријата му е од 3.140 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП