25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУспешен прв квартал за групацијата Триглав

Успешен прв квартал за групацијата Триглав

triglav

Групацијата Триглав во првите три месеци од 2015 година со добро работење го задржа високото ниво на финансиска стабилност. И покрај сложената ситуација, една од водечките финансиско-осигурителни групации во регионот Адриа реализираше нето добивка од 31,1 милиони евра, што значи раст од 22%во однос на истиот период минатата година. Групацијата на осум пазари постигна раст од2% во бруто полисирана премијаодосигурување, којашто изнесува 260,1 милиони евра.Успешното работење на групацијата Триглав во основната дејност се одразува на комбинираниот количник(92,3%), којшто споредено со истиот период минатата годинасе подобриза 6,2 процентни поени. Триглав Осигурување Скопје, како дел од групацијата Триглав, во првиот квартал од 2015 година, работеше успешно и оствариза 9% повисока премија споредено со истиот период минатата година.

 

Повисока вредност на капиталот и бруто техничките резерви

Групацијата Триглав го зачува високото ниво на финансиска стабилност, што го потврдуваат оценките на бонитет „A-“на агенциите Standard&Poor’s и A.M.Best. Тоа со крајот на првиот квартал од 2015 годинаja покажувацелокупната вредност на капиталот, која е повисока за 9%, и истата изнесува 747,6 милиони евра и зголемените бруто технички резерви (2.675,6 милиони евра),поголеми за 15% во однос на првиот квартал од минатата година. Споменатите вредности се гаранција и основа за врамнотежено работење и за обезбедување на долгорочнабезбедност на осигурениците.

 

Успешно работење во основната дејност

Комбинираниот количник на групацијата Триглав, показател на успешноста во основната осигурителна дејност, на крајот од првиот квартал изнесуваше 92,3%. Споредено соистиот период минатата година тој е подобрен, што значи дека е намален за 6,2 процентни поени. Таквото движење е одраз на отсуствотона вонредни штетни случаи во првиот кварталод оваа година, за разлика од лани. Комбинираниот количник на матичното друштво изнесуваше 89,6%, што е за 9,9 процентни поени помалку во споредба со истиот период минатата година.

 

Пораст на премијата на осум пазари

И покрај знаците за опоравување на економијата, ситуацијана повеќето пазарикаде работи групацијата Триглав не е многу подобрена. Повеќегодишната економска криза ги промени куповните навики на осигурениците, го намали нивниот број и тоа посебно во сегментот на правните лица, го намали обемот на осигурување и поттикна агресивна и интензивна конкуренција на пазарот.И покрај сложената ситуација, групацијата Триглавна осум различни пазари забележа раст од 2% во бруто полисираната премијаод осигурување, којашто изнесува 260,1 милиони евра. Порастот на премијата е првенствено резултат на придружувањето на новото друштво за осигурување, Skupne pokojninske družbe, во Словенија и зајакнување на осигурителната премија кај поголемиот бројна зависни осигурителни друштва во рамките на групацијата Триглав.

Во Словенија, премијата одосигурување на ЗаваровалницаТриглав беше за3% пониска и изнесуваше 174,6 милиони евра, додека пак премијата наТриглав здравствена заваровалница е на исто ниво, како и во минатата година.Покрај сложените прилики, на падот на премијата на групацијата Триглав на словенечкиот пазар дополнително влијаеше намалувањето на уделот на кофинансирани земјоделски осигурувања од страна на државата, зголемувањето на данокот на промет од осигурителни дејности ипроменетата динамика на склучување на имотни осигурувања. Словенечкиот пазар на осигурување бележи пад на полисираната премија од осигурување уште од 2010 година, а годинешниот пад спореден со истиот квартал минатата годинаизнесуваше скоро 2%.

На пазарите на групацијата Триглав надвор од Словенија, највисок пораст на премијата од осигурување и тоа од54% е постигнат во Србија, во Македонија порастотизнесува 9%, во Црна Гора 8%, а во Хрватска5%. Во Босна и Херцеговина, Триглав бележи пораст на премијата од 4%, а воБања Лука пад од 3%. Чешкото осигурително друштво, кое е во фаза на продажба, бележи пад на премијата од 30%.

 

Поголем поврат на финансиската инвестиција

Случувањата на пазарите на капитал и припојувањето на Skupne pokojninske družbe влијаеа на 35% поголем поврат на финансиската инвестиција на групацијата Триглав во однос на истиот период минатата година (вредност од 45,1 милиони евра).

Бруто оперативните трошоци на групацијата се за 2% повисоки споредено соистиот период минатата година и изнесуваат 69,4 милиони евра. Зголемувањето првенствено се должи на повисоките деловни трошоци заради вклучување на ново друштво во групацијата Триглав и јакнењето на продажната мрежа во некои зависни друштва. Бруто оперативните трошоци на матичното друштво остануваат на ниво од минатогодишниот период, предмет на разгледување.

Андреј Слапар, претседател на управата на Заваровалница Триглав изјави: „Групацијата Триглав работи во пребирливо деловно опкружување и на исклучително конкурентни пазари во седум европски држави. Во првиот квартал од оваа година групацијата работеше успешно и ја зачува финансиската стабилност, за што треба да се упати благодарност до целиот тим на групацијата. Во согласност со стратегијата и во иднина ќе бидеме концентрирани на јакнење на позицијата во регионот и на развој на групацијата Триглав како центар на осигурителната дејност во овој дел од Европа. Ќе настојуваме во овие јасни и амбициозни стратешки цели да ја добиеме поддршката од нашите акционери, кои бројат дури 28.300. Во реализацијата на препознатите можности од управата, поддршката од сопствениците може да биде клучна за натамошниот развој и раст на групацијата Триглав.

 

Групацијата Триглав во Македонија

Триглав Осигурување Скопје во првите три месеци од 2015 година работеше успешно. Во периодот од јануари до март оваа година има остварено 5,2 милиони евра премија од осигурување, што е за 9% повеќе во однос на истиот период минатата година. Друштвото за осигурување исто така успеа да ги намали бруто трошоците за работење за 3% во споредба со минатата година.

Овие резултати се резултат на нашата посветеност да обезбедиме врвен квалитет во сите аспекти од работењето на Друштвото, квалитетот на нашите производи, услугата што им јаобезбедуваме на нашите клиенти, ефективните процеси на решавање на штети, финансиската стабилност на Друштвото, сето тоа како резултат на бизнис стратегијата што ја следиме и спроведуваме. Триглав Осигурување е прв избор на македонскиот пазар на неживотно осигурување и нашата интенција е дополнително да ја зајакнеме позицијата на компанијата кај клиентите, да придонесеме кон натамошен развој наосигурителниот пазар во Македонија и да продолжиме на нудиме нови производи и услуги, во согласност со потребите на пазарот“, изјави Сања Танчевска, извршен директор на Триглав Осигурување Скопје.

Во структурата на бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување на друштвата на групацијата Триглав, премијата на Триглав Осигурување Скопје има удел од 2,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП