29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУчилишен проект на ЕВН Македонија 2014/15

Училишен проект на ЕВН Македонија 2014/15

evn-struga-ucilishen-proekt

Зелените енергетски клубови формирани во 12 основни училишта како дел од Училишниот проект на ЕВН Македонија се натпреваруваа со стекнатите знаења на финалниот детски квиз за енергетска ефикасност што се одржа во Струга.

Со квизот се заокружија активностите на Училишниот проект на ЕВН Македонија за учебната 2014/15 година.

Победници на натпреварот се учениците од ОУ „Димитар Македонски“ – Скопје, Лисиче, второто место го освои ОУ ,,Петар Поп Арсов “ од Карпош, Скопје, а на третото место се пласираа учениците од ОУ „Јонче Смугрески“ – Обршани, Кривогаштани. Победниците добија вредни едукативни награди, а сите учесници подароци од ЕВН Македонија.

На квизот учествуваа 60 деца кои во текот на учебната година учеа како разумно да ја користат енергијата и како наученото преку мали локални кампањи да го пренесат во своите локални заедници. Игрите на квизот беа подготвени од група од 20 средношколци кои пред квизот присуствуваа на неколкудневна летна школа.

Училишниот проект на ЕВН Македонија се спроведува веќе осум училишни години и досега опфати околу 300 основни училишта во сите општини во Македонија. Едукативниот процес го минале над 40.000 ученици. Во последните четири години основани се секции т.е зелени енергетски клубови во повеќе од 50 училишта. Проектот се спроведува во партнерство со повеќе граѓански организации и тоа: Здружение Конект, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица.

Активностите на проектот ќе продолжат и во следната учебна година, со нови знаења и нови ученици кои како досегашните учесници ќе станат идни генерации на совесни корисници на енергијата, се вели во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП