25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКазахстан инвестира 14 милијарди долари во инфраструктурата

Казахстан инвестира 14 милијарди долари во инфраструктурата

kazahstan556

Казахстан ќе инвестира 14 милијарди долари во изградба на мрежа на комуникации во рамки на програмата Светол пат, соопшти во петокот казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Тој за време на Осмиот економски форум во Астана истакна дека наведената сума ќе биде инвестирана во следните три години, пренесе агенцијата Тасс.

„Парите, добиени од длабоната на земјата, ги инвестиравме во националниот фонд, а сега спроведуваме контрациклична политика во услови на светска криза“, рече Назарбаев.

Според него, над третина од средствата кои ќе бидат вклучени во реализација на плановите ќе бидат обезбедини од меѓународните финансиски институции.

Реализација на проектот Светол пат се очекува да овозможи низа значајни резултати. Времето на птувањето меѓу градовите би се скратило за една третина, а ќе се овозможи и побрз пристап до соседните држави. Исто така ќе биде формиран единствен енергетски систем, кој во целост ќе го задоволи потребите за електрична енергија, истакна Назарбаев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП