20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов рекорд на S&P 500 на Волстрит

Нов рекорд на S&P 500 на Волстрит

New York City - Helicopter tour

Берзанскиот индекс S&P 500 достигна ново рекордно во четвртокот на Волстртит при вниматлено ниво на тргување, бидејќи слабите економски показатели го зацврстија уверувањето на инвеститорите дека Фед нема да ги зголеми клучните каматни стапки пред септември.

S&P 500 зајакна 0,23 отсто, на 2.130 поени, а Nasdaq порасна 0,38 отсто, на 5.090 поени, додека Dow Jones остана непроменет на 18.285 поени.

Вчера беше објавено дека бројот на први барања за надомест за невработени минатата недела во САД пораснал над очекувањата, што укажува дека пазарот на труд го губи замавот.

Ниту пазарот на недвижности не е во најдобра состојба, со оглед дека во април неочекувано падна продажбата на постоечки куќи, додека синалите од индустријата веќе со месеци укажуваат на слабеење на активностите. Забавувањето на растот на американската економија го зацврсти уверувањето на инвеститорите дека Фед нема уште во јуни, туку најрано во септември да ги зголеми клучните каматни стапки кои со години се движат на рекордно ниски нивоа околу нулата.

Со оглед дека заврши сезоната на објава на квартални резултати на компаниите, која беше прилично анемична, обемот на тргувањето спласна и во последните денови се движи под просекот.

Аналитичарите предупредуваат дека скромниот обем на тргување покажува дека не се сите на Волстрит уверени дека рекордните нивоа на индексите се оправдани.

„Воопшто не е значајно тоа што индексите се движат близу рекордните нивоа ако само двајца трговци меѓусебно си продаваат и купуваат акции. За тоа мора сите да бидат свесни“, вели Брајан Батл, директор во компанијата Performance Trust Capital Partners.

Меѓу најголемите добитници вчера беше енергетскиот сектор, со раст од 0,8 отсто, откако цената на нафтата порасна втор ден по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП