20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрв македонски мјузикл за деца „Љубовта победува сè”

Прв македонски мјузикл за деца „Љубовта победува сè”

mjuzik;l565

Изведбата на првиот македонски мјузикл за деца со наслов „Љубовта победува сè” ќе се случи во Театар Комедија во петок, во 14 часот.

Зад целата иницијатива стои скопската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“.

Мјузиклот е според идејата на Злата Николиќ и според сценарио и режија на Афродита Кирјаковска. Автор на музиката е Борислав Јоргушески, а за костимографијата и кореографијата се погрижија Ратка Џамбазова Коцев и Ема Достинова. Зад продукцијата се потпишува ДО РЕ МИ, гитара Виктор Захариев и координатор Лидија Поповска.

Главни јунаци се секако децата од градинката кои ги играат улогите за овошјето и зеленчукот. Останати носители на дејството се Кралот Кромид – Кире Ристески, Кралицата Јаболко – Анастасија Низамова, Учител – Светлана Лукарова, Раскажувач – Илина Матеска, Сестра – Божана Гошева, Брат – Симеон Гошев и Хор – боспитувачите од градинката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП