19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„14 часа“ на сцената на Театар „Џинот“ Велес

„14 часа“ на сцената на Театар „Џинот“ Велес

balet 300

Во рамките на манифестацијата „Велес-Град на културата“ 2015, во петок, со почеток во 20 часот, балетот при Македонската опера и балет ќе гостува на сцената на Театар „Џинот“ Велес со современата балетска претстава „14 часа“.

Претставата е работена на музика од Кирил Џајковски, додека кореограф и автор на сценографското идејно решение е Игор Киров, режијата и либретото се на Наташа Поплавска, а костимографијата е на Александар Ношпал.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Ефтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Киселев, Агим Бафтии и Гиорги Беридзе.

Претставата е инспирирана од дуетот „Not too close“ на авторско-изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ова современо балетско дело низ синџир од 12 сцени ги разработува женско-машките односи преку ликовите на Лили и Марк.

Билетите за претставата се веќе во продажба по цена од 150 денари на билетарницата на Театар „Џинот“ Велес, секој ден од 10-14 и од 18-20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП