29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ја претстави осмата генерација на Hilux (фото)

Toyota ја претстави осмата генерација на Hilux (фото)

hiluxxx2

„Toyota“ официјално ја претстави новата генерација на пикапот „Hilux“. Премиерата се одржа во Бангкок, а продажбата ќе стартува во наредните месеци.

Моделот во текот на годините стекна репутација на сигурен „работен коњ“, но веќе изгледа далеку модерно и нуди висок комфор.

hiluxxx3

Што се однесува до дизајнот на новиот „Hilux“, тој е изработен според новиот дизајнерски јазик на марката и веќе беше откриен во фотографиите кои се појавија пред извесно време.

Висината на кабината е малку намалена, а вкупната должина и ширина на возилото се зголемиле за соодветно 70 мм и 20 мм. Фаровите се „LED“ и располагаат со дел за дневни светла, а понудените бандажи се со големина од 16, 17 или 18 инчи.

hiluxxx

Сериозна промена претрпе и ентериерот, за кој од „Toyota“ тврдат дека нуди удобност и комфор, својствени на „SUV“ возилата. Од фотографиите можеме да видиме дека промената е завршена, а нови се таблата, мерилата, панелите, итн, кои се создадени во склад со претставените модели во последните години на марката. На централната конзола се појави голем екран чувствивтелен на допир за инфо-системот и електронски прекинувач на системот 4х4, а во основната опрема е вклучена камера за возење наназад.

Палетата на мотори е претставена од нови и обновени агрегати, кои можат да бидат комбинирани со 6-брзински автоматски или мануелен пренос. Во зависност од пазарот, новиот модел ќе се нуди со два дизели – 2,4-литарски (160 КС и 400 Nm) и 2,8-литарски (177 КС и 450 Nm), и со два бензински – 2,7-литарски со 164 КС и 4,0-литарски со 278 КС.

hiluxxx1

Од компанијата истакнуваат дека моделот ги нема изгубено работните квалитети, а бил на тестирање од илјадници километри, вклучувајќи во пустински области при температура од над 50 степени. Новиот „Hilux“ е со корисен товар од 1240 килограми, има максимална влечна сила од 3500 кг и ќе се нуди со три вида кабини.

Цените и дополнителни информации треба да бидат објавени во следните месеци.

hiluxxx4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП