24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.05.2015

Дневен хороскоп 22.05.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес денот ќе го поминете во дружба со пријателите и колегите, ќе сакате да посетите некој ресторан, да направите обемен муабет, а воедно и да се договорите за некои деловни потфати. Имате енергија и успешно ќе ја искористите за завршување на работните обврски, со цел да можете да уживате во викендот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Сакате нешто ново, промени и проширување на видикот. Ќе иницирате развој на некој бизнис, партнерот кој сте го одбрале е стабилен, но сепак договорете ги сите точки однапред. Денес ќе имате инспирација да сработите нешто повеќе, а вашата енергија ќе биде непрекината, па затоа ќе успеете во намерите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

На работното место постои некоја компликација, проблем или барање кое не можете и не сакате да го извршувате, тоа ве мачи подолго време, но наскоро ќе започне да се разрешува, па затоа не си ги губете нервите со тоа прашање. Попладневните часови искористете ги за средба со пријателите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе добиете пријатни вести во врска со некоја нова работа која би требало да ја органзираат некој Овен или Лав. Ментално сте посилни во однос на финансискиот дел и веројатно ќе направите внимателни финансиски потези. Бидете отворени за секој вид на совет, особено од некој Стрелец или Лав.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Добриот аспект помеѓу вашиот знак и Плутон поволно се одразува на вашите финансии и на можноста за склучување на договор со странци. Подготвени сте со некој да преговарате и да направите компромис. Многу сте практични и не сакате да ги пропуштите добрите шанси инсистирајќи на нешто што не е во ваш интерес.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Внимавајте на здравјето, намалете ги нервозите. За некои моментални настани и случувања ќе треба да одлучите колку ви значат, но и што треба да научите од нив. Ќе бидете чувствителни на она што другите го мислат и зборуваат за вас. Не ги сфаќајте премногу лично. Внимавајте на соработката со деловните партнери, бидете покоректни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате голем број на планови. Заинтересирани сте, но сепак, не ќе можете се одеднаш да реализирате. Овој ден ви носи некои новости. Пред се на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои сте одамна заинтересирани, но не можете да прифатете дополнителна работа на која нема да можете професионално да одговорите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нема да ви недостига мотивација за работа, но луѓето околу вас некако нема да бидат расположени да ве остават да се сконцентрирате. За да не се нервирате непотребно, предвреме подгответе се дека ве очекуваат пречки. Размислете реално дали вашите бизнис идеи се возможни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се трудите да бидете во добра физичка форма бидејќи сте свесни дека ве очекуваат прилично големи напори кога станува збор за работата која бара големо трпение, концентрација и пред се добра комуникација со соработниците. Можете да најдете заеднички јазик со некој Лав роден во јули или со Близнаците родени во мај.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Некои лоши вести поврзани со вашата работа денес би можеле многу да ве вознемират. Најверојатно ќе се запрашате каква е вашата иднина и како да го промените тоа прашање. Размислете за тоа, но не донесувајте одлука денес. Мора да бидете повеќе сигурни во себе отколку што се. Во меѓувреме разгледајте си сите опции.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП