20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија очекувано не го смени курсот на монетарната политика

Јапонија очекувано не го смени курсот на монетарната политика

japa33

Јапонската централна банка очекувано не направи промена во курсот на монетарната политика во позадина на малото подобрување на економијата, потврдено од оптимистичките податоци за растот на БДП.

„Во однос на изгледите се очекува јапонската економија да продолжи да се опоравува умерено“, посочи банката во соопштението.

Третата најголема економија во светот се прошири за 0,6% во првото тримесечје до крајот на март, според прелиминарните податоци за БДП, што ја надмина со малку просечната прогноза за проширување од 0,4%. На годишна основа економијата порасна за 2,4% во периодот јануари-март по порастот со 1,5% во претходниот квартал.

Забрзувањето на растот дојде по острите падови во средината на минатата година, откако владата го покачи данокот на продажбата од 5% на 8%. Потоа сепак јапонската економија успеа постепено да влезе во ритам, што помогна за генерирање на желбите на инфлаторните притисоци.

Според Јапонската централна банка, инфлацијата ќе ја постигне целта од 2% во фискалната 2016-та година со цел на подобрување на условите на пазарот на труд и на инфлациските притисоци, создадени со очекувањата за раст на платите. Предвидувањата на банката се базирани на тековните цени на горивото на меѓународните пазари.

За да се постигне сепак слична инфлацијата, многу економисти сметаат дека „ЈЦБ“ ќе треба да го прошири ублажувањето на монетарната политика. Во моментов програмата за квалитативно и квантитативно олеснување ја зголемува монетарната база со годишна стапка од 80 трилиони јени годишно.

Според зборовите на економистот од „Capital Economics“ Марсел Тиелиант по некое време „ЈЦБ“ најверојатно ќе продолжи со проширувањето на стимулациите, а најверојатен тој момент е во октомври.

Според експертот податоците за БДП покажуваат дека шансите за неодамнешното ублажување на политиката се намалија, но инфлацискиот притисок веројатно ќе останат низок, што неизбежно ќе доведе до потребата од повеќе стимулации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП