20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе се обесхрабрувајте во потрагата пo работа

Не се обесхрабрувајте во потрагата пo работа

Find_Job_Headers_676x232

Без разлика дали сме во потрага, или чекаме одлична шанса за работа, најважно е да знаеме кои сме и што всушност сакаме. Кога станува збор за работата, таа треба да е во склад и со нашето знаење и можностите, но и со нашата филозофија и животните ставови.

Запознајте се себе си

Дали сте од оние кои премногу обрнуваат внимание на детали, или не? Дали поседувате квалитети на лидер? Мора да бидете свесни за своите мани и предности. Тоа е првиот чекор, запознајте се себе си.

Кои се вашите приоритети

Што е поважно за вас, интегритетот или професионализмот? Кариерата или семејството? Направете листа на приоритети и цели, и краткорочни и долгорочни.

Замислете го својот идеален ден

Како изгледа вашиот идеален ден, дали се гледате во канцеларија или на плажа како уживате? Дознајте кој е вашиот сон и стремете се кон тоа да си го исполните.

Не се ограничувајте

Пријавете се за секое работно место кое постои или кое е за вас привлечно, нека биде тоа само за почеток, отскочна даска, не седете дома, без оглед што поседувате поголемо знаење. Можеби токму таа компанија ќе ви го обезбеди местото на врвот со тек на време.

Треба да знаете колку вредите

Без оглед дали имате или немате диплома, кажете си себе си дека спаѓате во вредни лица и дека поседувате квалитети за да станете одличен работник. Трудете се максимално и направете и другите да видат дека навистина вредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП