19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ30-ти јуни е денот кој ќе го загорчи животот на многу интернет...

30-ти јуни е денот кој ќе го загорчи животот на многу интернет компании

saati20

Многу лош ден за повеќето интернет компании ќе се случи на 30-ти јуни кога овој ден ќе се продолжи за цела една секунда!

Промената која ќе следува ќе зададе главоболка на многу компјутерски системи кои нема да бидат во можност да ја пресметаат т.н. „престапна секунда“.

Меѓународниот референтен систем за ротација на Земјата (IERS) најави дека во последниот ден од јуни точно на полноќ ќе биде додадена една секунда со цел да се корегира несогласувањето меѓу ротацијата на Земјата и атомскиот часовник.

Според правилата, „IRAS“ дополнителната секунда може да се додаде само во јуни или декември. Според најновите податоци од 1972-ра година се случиле 25 вакви промени.

Експертите предупредуваат дека т.н. „престапна секунда“ би можела да предизвика проблеми кај бројни интернет компании, затоа што нивните системи за сметање на времето се многу сложени.

Последната „престапна секунда“, која беше додадена на 30-ти јуни 2012-та година, предизвика проблеми на бројни интернет страни, како што се „Qantas“, „LinkedIn“ и „Yelp“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП