19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНемате пари за Galaxy S6 - купете си Landvo S6 (фото+видео)

Немате пари за Galaxy S6 – купете си Landvo S6 (фото+видео)

l andovo

Кинезите се познати по копирање на популарни уреди кои подоцна под други имиња ги пласираат на пазарите. Овој пат „жртва“ на копирањето или клонирањето е „Galaxy S6“ кој сега се нарекува „Landvo S6“.

Веднаш на почетокот да напоменеме дека според изгледот двата уреди меѓусебе наликуваат како „јајце на јајце“, но кога ќе се погледне под површината, тогаш се забележуваат големи разлики.

l andovo1

Имено додека изгледот на куќиштето уште и можеме да го споредиме со „Galaxy“ – вградениот хардвер неможеме, поради тоа што перформансите не се ни блиску до оргиналот.

„Landvo S6“ доаѓа со 5-инчен „IPS“ екран со „HD“ резолуција (1.280 x 720 пиксели), го користи процесорот на „MediaTek“ со четири јадра – „MTK6582 SoC“ со такт од 1,3 GHz. Кога станува збор за работната и меморијата за чување податоци и тука може да се забележи голема разлика – „Landvo S6“ располага со еден гигабајт „RAM“ и 16 GB интерна меморија, додека оргиналната „шестка“ има 3 GB RAM и минимална 32 GB интерна меморија.

l andovo2

Задната камера има резолуција од 8 мегапиксели, а предната 2 мегапиксели. Со цел да ја следи резолуцијата на оргиналните камери на „Galaxy S6“, „Landvo“ софтверски го поткрева квалитетот на сликата на 5 (предната), oдносно на 16 мегапиксели (задната камера). Исто така „Landvo S6“ нема „LTE“ поддршка, туку само за „3G“.

Капацитетот на батеријата исто така е ископиран – 2.550 mAh, но не и софтверот, па така „Landvo S6“ ја користи „Kitkat“ верзијата на „Android“ наместо „Lollipop“. Уредот е достапен за нарачки преку онлајн продавницата „gearbest“ по цена од 119 долари, со купонот „LANDVOS6“ цената е уште пониска – 101 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП