20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple се откажа од плановите да нуди и телевизори

Apple се откажа од плановите да нуди и телевизори

a televizor

По речиси една деценија истражување и развој, „Apple“ се откажа од плановите да нуди и телевизори. Сепак Карл Ајкан, еден од најголемите инвеститори во компанијата, останува убеден дека таа ќе се појави со сличен уред на пазарот веќе следната година, објави „The Wall Street Journal“.

Според извори на весникот компанијата сакала да му даде на својот телевизор функции, кои досега не се нудат од страна на други производители. Првичните планови вклучуваат употреба на дисплеи со многу висока резолуција, како и додавањето на сензори и камера за видео.

На крајот раководството на „Apple“ одлучило дека овие функции не се доволно импресивни и го прекинаа развој на телевизори пред околу една година.

Ова сепак не го спречи Карл Ајкан да излезе со ново отворено писмо упатено до извршниот директор на „Apple“, Тим Кук. Во писмото, кое беше објавено во понеделникот, Ајкан вели дека врз основа на „многугодишните гласини“ е убеден дека „Apple“ ќе започне да продава телевизори уште следната година, а во 2020-та година ќе нуди и електричен автомобил.

Според Ајкан телевизорите на „Apple“ ќе се две верзии – со 55-инчен и 65-инчен екран и ќе генерира 10 милиони продажба за првата година и приходи во износ од 15 милијарди долари. Ајкан вели дека телевизорот ќе стане клучен елемент од екосистемот на „Apple“.

Во 2013-та година Тим Кук пак изјави дека има „спектакуларен визија“ за телевизијата како целина и потоа неколкупати потенцираше дека стои зад своите зборови.

Ова сепак не значи дека компанијата има за цел да се развие и хардвер. Неодамна, таа е насочена кон создавање на интерактивен ТВ сервис и преработка на компактни уреди „Apple TV“, велат изворите на „The Wall Street Journal“. Една од желбите на „Apple“ е да нуди популарни телевизиски канали, кои можат да се гледаат преку интернет од нејзините уреди. Првичните планови беа услугата да биде претставена уште следниот месец за време на годишната конференција на Apple, а реално нејзиниот почеток ќе биде оваа есен. Компанијата официјално не ја коментираше оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП