29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв пад на потрошувачките цени во Британија од 1960 година

Прв пад на потрошувачките цени во Британија од 1960 година

londonew5f4ew4fe

Потрошувачките цени во Британија се намалија во април за прв пат од 1960 година, покажаа денес официјалните податоци во Лондон.

Британскиот завод за статистика наведува дека стапката на инфлација минатиот месец изнесувала минус 0,1 проценти во однос на нулта нивото од март, со што е евидентирана првата негативна инфлација во последните 55 години, пренесува агенцијата АП.

Заводот додава дека до падот на потрошувачките цени дошло поради поевтинувањето на транспортните услуги, пред се авионските и бродските билети.

Долготрајниот пад на цените односно дефлацијата претставува причина за загриженост бидејќи влијае на економската активност и ги поттикнува купувачите да го одложуваат купувањето, а компаниите да ги одложуваат инвестициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП