29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАФотографија во CV-то, да или не?

Фотографија во CV-то, да или не?

thecv-598x330

Сигурно веќе неколку пати не сте знаеле дали во CV-то да ја вклучите фотографијата или не.

Од една страна, и онака имате слика на LinkedIn и другите социјални мрежи. Која е разликата ако ја ставите и во биографијата? Одговорот не е еднозначаен, иако долго се сметаше дека тоа е лоша идеја. Работата е во тоа дека се зависи од ситуацијата и специфичните околности.

Долго време е застапено мислењето како нема потреба за вклучување на фотографијата во CV-то. Логиката која стои зад тоа налага дека таквата пракса ќе ги заштити работодавците од обвинението на сметка на дискриминацијата поврзана со родот, годините, изгледот и сл. И тоа е точно.

Меѓутоа, во последно време рабтите не се црно бели. Работодавците можат да ја видат вашата фотографија дури и ако не ја вклучите директно во CV-то.

Една од најненаметливите опции е во својата биографија да вклучите и линк од профилот на LinkedIn. Експертите советуваат да вклучите и фотографија доколку тоа е наведено во огласот за кој се пријавувате.

Доколку се одлучите на таков потег, фотографијата сместете ја на врвот од CV-то. Дополнително, таа би требало да биде професионална, да не е стара и да одговара на онаа која сте ја објавиле на LinkedIn.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП