29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНавики со кои ќе го импресионирате вашиот шеф

Навики со кои ќе го импресионирате вашиот шеф

o-WOMEN-BUSINESS-facebook

Секогаш обидувајте се да бидете доследни, особено кога се бара од вас да дадете се од себе. Нештата кои што може да ги решите сами, решете ги и не го оптеретувајте со тоа вашиот шеф.

Време е за докажување…

1. Доследност

Секогаш потрудете се да бидете доследни, особено кога треба да дадете се од себе. Тоа е клучно, иако кај сите нас постојат периоди во кои ни се чини дека продуктивноста не избегнува и тоа во широка смисла.

2. Решавање на проблеми

Нештата кои што можете да ги решите сами, решете ги и не го оптеретувајте шефот со нив. Никој не сака луѓе кои што се жалат буквално за секоја ситница и бараат помош од другите буквално за секој проблем кој ќе им застане на патот.

3. Идеи

Покажете му на вашиот претпоставен дека донел добра одлука кога одлучил да ве вработи вас. Учествувајте во разговорите, пишувајте забелешки, потсетувајте го на вашите договори и најважно од сe, изнесувајте идеи, кои ќе ви помогнат за и двајцата да се докажете.

4. Мали нешта

Иако точно знаете која е вашата работа, понекогаш треба да покажете дека се грижите и за малите нешта, кои не се дел од вашата надлежност. На таквите нешта секогаш се собираат дополнителни поени.

5. Тимска работа

Знаеме дека мислите дека можете да решите речиси сe без ничија помош, но понекогаш повеќе луѓе на еден ист проект се сигурниот пат до успех за истиот. Мора да знаете да се прилагодите кон тоа, бидејќи сите шефови сакаат тимски играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП