24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појавија спецификациите за моделот HTC One ME9

Се појавија спецификациите за моделот HTC One ME9

htc-one-m9e

„HTC“ во последните неколку недели претстави неколку различни телефони од серијата „One“, а сето тоа следеше по претставувањето на новиот „HTC One M9“.

Достапноста на овие телефони зависи од регионот, а и може да се каже и за „HTC One ME9“ за кој најверојатно ќе го видиме во „EMEA“ регионот.

Сепак, одредени медиуми наведуваат дека ќе биде евтина верзија на моделот „One M9“ со пластично куќиште, па останува да почекаме до крајот на јуни за кога се очекува неговото претставување.

HTC One ME9“ пред се ќе го одликува 5.2-инчен екран „Quad HD“ со резолуција од 2560 x 1440, како и „Android 5.0 Lollipop“ оперативниот систем со „HTC Sense 7.0“ корисничкиот интерфејс.

Што се однесува до хардверот, тука е процесорот со осум јадра „Media-Tek MT6795“ со такт од 2,2 GHz, 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија, камера од 20 мегапиксели со „LED“ блиц, како и 4 „UltraPixel“ камера за „селфи“ фотографии, а телефонот вклучува и „BoomSound“ технологија, „Bluetooth 4.1“ поддршка и „fingerprint“ скенер. Цената на овој модел би требало да биде околу 550 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП