18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрестанете да се грижите за тоа што другите мислат за вас

Престанете да се грижите за тоа што другите мислат за вас

Ако дозволите туѓите мислења да влијаат на вас, ќе ви ослаби самодовербата…

Сетете се дека повеќето луѓе воопшто не размислуваат за вас (секој си има свои грижи)

Етел Барен еднаш изјави „Ние би се грижеле многу помалку за тоа што другите мислат за нас, ако сфатиме всушност колку ретко тие тоа го прават“. Ништо не може да биде поблиску до вистината од ова. Заборавете на она што другите го мислат за вас денес. Тие не размислуваат за вас воопшто. Обидете се да сфатите дека тоа што вие го замислувате, односно дека тие постојано ве следат, гледаат и го критикуваат секој ваш потег, е целосно измислено само во вашиот ум. Тоа се вашите внатрешни стравови и несигурности кои ви ја создаваат таа илузија. Вие самите си судите и тука е проблемот.

Нека не ви биде незгозно при незнаењето што другите мислат за вас

Некои „проблеми“ во животот, како непознавањето на туѓото мислење за вас, не ни требаат да бидат „решени“. Новата мантрна изговорете ја гласно, и повторно и повторно „Ова е мој живот, мој избор, мои грешки и мои лекции. Се додека не им нанесувам на другите болка не треба да се грижам што тие мислат за мене“.

Завртување на вашето внимание на тоа што е важно

Луѓето ќе го мислат тоа што сакаат да го мислат. Не можете да го контролирате тоа. Без оглед колку внимателно ги избирате зборовите и однесувањето, секогаш ќе постои некој кој погрешно ќе ве сфати.

Отпуштете го стравот од вашето размислување

Сите видови на грижи, вклучувајќи ја и грижата дека некој може да ве отфрли, се темелат на стравот. Со други зборови, нашите емоции не уверуваат дека сите несакани резултати носат пропаст. „Што ако не им се допаднам на работа? Што ако ме отфрлат?“ Ништо од тоа нема да го донесе крајот на светот, но ако себеси се уверуваме дека ќе донесе, ќе бидеме во ирационален срав од тие можности и стравот ќе не надвладее“

Заклучок

Немате на кого да му се докажувате. Доволно е тоа што го имате сега. Доволно е! Помалку грижете се што мислат другите за вас, а повеќе грижете се што мислите вие за вас, без оглед дали станува збор за работното место или за приватниот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП