29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУСреќко Накиќ: Квалитетот значи континуирано инвестирање, иновации и борба за секој потрошувач

Среќко Накиќ: Квалитетот значи континуирано инвестирање, иновации и борба за секој потрошувач

srekjko-nakic-naslovna-1

Разговараме со Г. Среќко Накиќ – Потпредседател на стратешките бизнис области, пазари во ЗНД ( Заедница на независни држави) и корпоративно управување со квалитет во Атлантик Група за самитот за стоки за широка потрошувачка, еволуцијата на трендовите во однос на навиките на потрошувачите и за сите вистини и предрасуди за македонскиот потрошувач

1. На 12 мај во Скопје се организираше првиот самит на секторот за производи за широка потрошувачка во Македонија. Кои беа вашите очекувања во врска со овој самит и кои се клучните предизвици во Вашата работа?

Навистина ни е драго што и Македонија добива свој FMCG (Fast Moving Consumer Goods) самит на која учесниците ќе имаат можност да споделат искуства од индустријата. Освен тоа, трендовите во трговијата се секогаш актуелни теми, и навистина е интересно да се слушнат примери на добра пракса, бидејки секој пазар е предизвик за себе, иако повеќето земји во нашето опкружување делат слични проблеми на транзиција на општеството и економијата.

Долготрајната криза го забави економскиот раст во регионот и земајќи ги в предвид овие околности, намалена е куповната моќ што условува со пад на продажбата во некои категории генерално, како и ценовна агресивност на конкуренцијата.

И покрај овие економски состојби во регионот и пошироко, Атлантик Група во првиот квартал на 2015 година, оствари раст на продажбата од 3 отсто во споредба со истиот период минатата година, како и понатамошно подобрување на нето профитабилноста. И натаму се соочуваме со криза и се подготвуваме на повеќе од едно можно сценарио, се обидуваме на најдобар начин да управуваме со различни ризици – од набавка на суровини на светските пазари, политиката на девизниот курс, процесот на продажба… Имаме систем за следење на макроекономските движења и трендови на пазарот и соодветно ја прилагодуваме стратегијата. И покрај сите предизвици, активни сме во проширување на пазарите кон Западна и Источна Европа, бидејќи од макроекономската перспектива нашиот регион наскоро нема да оствари значителен раст.

2. Каква е еволуцијата на FMCG (Fast Moving Consumer Goods) индустријата денес, кои се трендовите, а што како тенденција веќе се напушта?

Иновациите и развојот на нови концепти стануваат клучен елемент во правење разлика на пазарот. Потрошувачите тоа брзо го препознаваат и реагираат многу позитивно. Потрошувачот е се побескомпромисен кога станува збор за квалитетот на производот. Грижата за квалитетот не претставува само грижа за крајниот производ, туку почнува уште во процесот на стратешкото планирање. Квалитетот значи континуирано инвестирање, иновации и борба за секој потрошувач. Со квалитет се бориме за нови и подобри навики и повисок стандард на живеење, бидејќи здравата храна или состојките кои се најдобри за потрошувачите “best for you”, што обезбедуваат здравствени придобивки, се сé повеќе во центарот на вниманието. Во комуникацијата со потрошувачите неопходен е атрактивен, но и искрен и директен пристап,  како персонализирано обраќање на одреден потрошувач. Просекот или просечноста веќе не водат никаде, бидејќи довербата и исполнување на очекувањата се најважната работа. До супериорен квалитет на нашите производи, доаѓаме со повеќегодишно знаење и искуство, рамнотежа на традицијата, природата и најсовремената технологијата. Атлантик продолжува да инвестира во квалитетот на производите, едукацијата на потрошувачите и на партнерите, што во крајна линија го потврдуваат и резултатите од работењето и уделот на нашите брендови на пазарот. Но, ние сме свесни дека има уште многу работа за интернационализација и освојување на најпребирливите пазари, она што е и наша  стратешка определба.

srekjko-nakic-1

3. Што значи атрактивна продажба и како го обезбедувате местото на вашите производи на полиците?

Атлантик Група својот развоен пат до глобалниот пазар го почна пред повеќе од две децении низ успешни аквизиции, токму како дистрибутер кој од мултинационални компании брзо усвојуваше нови знаења и ефикасно ги применуваше на сите брендови во својата дистрибуција, а подоцна и го рашири сопственото портфолио. Денес имаме сопствени брендови, како што се Цедевита, Кокта, Најлепше жеље, Бананица, Аргета… што имаат традиција долга 40, 70 па и 90 години. Но секој производ, вклучувајќи ги и познатите брендови бараат прилагодување кон новите трендови, желбите на потрошувачите и околностите. Брендовите кои имаат долга традиција ги трансформиравме во модерни производи во атрактивни пакувања кои ги позиционираме на другите пазари, како што  многу производи од светот прв пат се појавија во овој регион преку нашите дистрибутивни канали.  Силни брендови, примена на современи стандарди, дистрибуција и искуство од различни пазари ни овозможува ефикасно и флексибилно да се справиме со сите предизвици ставени пред нас и тоа е предноста на Атлантик Група. Покрај тоа, со комбинирање на своето портфолио и портфолиото на принципалите станавме посилни, со пониски трошоци можеме да направиме многу поголема синергија на ефекти за нашите потрошувачи. Тоа е добитна ситуација за принципалите, за трговците и за нас.

4. Дали веќе имплементиравте е-продажба во вашето работење?

Нашиот стручен тим континуирано се занимава со истражување на пазарот, како би идентификувале конктретни клиенти и нивните потреби, развивајќи успешен и креативен пристап, бидејќи процесот на носење на одлука за пазарување е прилично комплексен. И поради тоа е-продажбата е имплементирана на различни нивоа во сите делови на системот. Со оглед на трендовите, развојот на навиките на потрошувачите и важноста на е-продажбата, ние системски работиме во унапредување на овој дел на комуникација со потрошувачите. 

5. Кои се предизвиците со кои се среќавате, со оглед на промената на навиките на потрошувачите?

Основна цел е да имаме оригинална и атрактивна понуда. Значи, за развој и јакнење на имиџот на брендовите, неопходна е соработка на сите нивоа. Покрај силната маркетиншка кампања, начинот на изложување на производот, атрактивноста на самата понуда, добро осмислен трејд маркетинг, придонесува до поголем раст на продажбата и профитабилноста како основен постулат на бизнисот.  Ги следиме очекувањата на потрошувачите, внесуваме новитети во нашите портфолија, се трудиме да им ја овозможиме онаа дополнителна вредност во однос на стандардната понуда, бидејки потрошувачот тоа го очекува.  Во таа смисла, развиваме различни активности кои опфаќаат креативни активации на самото место на продажба. Исто така, мислам дека сме исклучително ефикасни и во делот на логистика, а не само во продажбата.  Сето тоа ни овозможува секој ден да напредуваме во работата во сите сегменти, што нашите потрошувачи го препознаваат, но и дистрибутерите и деловните партнери.

6. Кои се вистините и предрасудите за македоснкиот потрошувач?

Можам едноставно да кажам дека македонските потрошувачи кои ја очекуваат таа дополнителна вредност, односно, максимум за своите пари, воопшто не се разликуваат од останатите потрошувачи во регионот. Традиционалниот начин на пазарување во Македонија е исклучително силен и завзема голем дел од пазарот, а ние со сите наши деловни партнери градиме односи на взаемна поддршка и меѓусебна почит. Атлантик Група е многу прилагодлива во поглед на асортиманот на производи што го пласира на секој поединечен пазар, а тоа се однесува и на маркетинг стратегијата.  Кога се во прашање брендовите на принципалите, пласманот зависи и од деловната политика на партнерот, додека пак кај продажбата на сопствените брендови Атлантик Група освен регионални, развива и национални стратегии, почитуваќи ги локалните специфичности во навиките на потрошувачите на една земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП