29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAndroid со два милиони дневни активации

Android со два милиони дневни активации

androida

Според извештајот од „Asymco“ над 800 милиони „Android“ телефони, таблети и други уреди во моментов се користат во светот. Во септември 2012-та година имало 500 милиони корисници, а математика вели дека бројот на „Android“ корисниците се зголемува секој ден за повеќе од два милиони!

Америка, некогаш најзначајната „Android“- сила во новите активации на „Android“ паметните телефони учествува со помалку од еден процент или со околу 0.6 проценти, но во вкупниот број на активни „Android“ уреди учествува со околу 10 проценти и претставуваат околу 21 процент од вкупниот приход на целата „Android“ платформата.

Како што велат од „Asymco“, „Android“ паметните телефони во моментов се најактивни во Азија, а особено во Кина, но се уште нема конкретни бројки колку и со која брзина „Android“ базата на корисници во тој регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП