19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските инвеститори во Македонија сметаат дека деловната клима е подобрена

Германските инвеститори во Македонија сметаат дека деловната клима е подобрена

ger mk32

Осумдесет проценти од компаниите членовите на Македонско-Германското стопанско здружение повторно би ја одбрале Македонија како дестинација за својата инвестиција.

Ова го покажуваат резултатите од овогодишната анкета за конјунктурата во Македонија во 2015-та која Македонско-Германското стопанско здружение и Германската стопанска комора во Македонија по десети пат ја спроведоа помеѓу 179 компании членови во првиот квартал од 2015-та година.

Оценката на општата економска состојба во Македонија е значително попозитивна во споредба со претходните години, покажала анкетата.

Мнозинството на компаниите, кои се активни во Македонија ја оценува сегашната економска состојба во Македонија како добра (21%) или како задоволителна (41%),  додека 38% ја класифицираат моменталната економска состојба како лоша, при што 25% од испитаниците дури сметаат и на подобрување во 2015-та година.

Во минатата година беа уште 42%, кои ја оценија актуелната економска состојба како лоша и само 8% како добра. Што се однесува на оценката на општата економска состојба, ова е најдобар резултат од почетокот на спроведувањето на анкетата во 2007-ма година. 65% од испитаните комании ја оценуваат деловната состојба на своите компании како задоволителна, 27% ја оценуваат како добра.

Сепак во анкетата се критикуваа важни локални фактори како транспарентноста на јавните набавки, ефикасноста на јавната администрација, политичката и социјална стабилност, правната сигурност, условите за развој и истаржување. Овие фактори беа оценети со најслаби оценки.

Моменталната деловна ситуацијa на својата компанија ја сметаат 27% од испитаниците за добра (2014:19%), 65% ја оценуваат како задоволитлна (2014:57%) и 8% (2014: 24%) наведуваат, дека се наоѓаат во лоша економска ситуација. Во однос на очекувањата за развојот на деловната ситуација на својата компанија во 2015-та година во споредба со претходната година, над 47% од испитаните компании сметаат на подобрување на својата состојба на компанијата. 47% прогнозираат постојани и непроменети услови за нивната компанија. Само 6% очекуваат потешка економска ситуација во 2015-та година.

Резултатите од овогодинешната анкета и при набљудување на инвестициите и вработувањето на нови работници, за компаниите – членки на Македонско- Германското стопанско здружение пазарот на трудот и инвстиции во Македонија станува се поинтересен, дури 32% сакаат да ги зголемат своите инвестиции во 2015-та година и 27% ќе вработат нови работници.

Во локалните фактори кои беа позитивно оценети се вбројуваат продуктивноста на работниците, трошоците на трудот, квалификацијата и академското образование.

Мартин Кнап, директор  на германската стопанска комора во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение ги сумираше резултатите.

Во 2014-та година Германија била најголемиот трговски партнер на Македонија и трговскиот промет изнесувал 2,5 милијарди евра. Треба да се забележи, дека извозот на Македонија кон Германија во изминативе години континуирано расте. Во 2014 година извозот на Македонија кон Германија изнесувал 1,8 милијарди евра, а увозот од Германија изнесувал 712 милиони евра, со што Македонија е една од малкуте земји, кои со Германија имаат трговски суфицит.

„Со оглед на постоечките и најавените германски инвестиции во Македонија, очекуваме оваа тенденција да продолжи. Во изминатите две години дури четири германски компании кои размислуваа дали да инвестираат во Македонија или во Србија, донесоа одлука својата инвестиција да ја реализираат во Македонија, со тоа веќе постоечките и последните нови германските инвестиции обезбедуваат вработување дури на 11.000 граѓани во Македонија. Успех ветува и почетокот на изградбата на нови автопатишта и проширувањето на постоечката железничка мрежа, како и изградбата на нова железничка врска со Бугарија. Подобрената инфраструктура ќе допринесе за тоа да се зголеми атрактивноста на Македонија како место за инвестиции и со тоа ќе се поттикне ангажманот на германското стопанство во форма на нови инвестиции“, рече Кнап.

Михаел Дикамп, претседател на Македонското-Германско Стопанско Здружение оцени дека проценката на актуелната економска состојба во Македонија дава позитивни сигнали.

„При оценувањето на изгледите на македонската економија за тековната година, повторно се покажа дека компаниите-членки на Македонското-Германско Стопанско Здружение, веруваат во Македонија: тие и понатаму сакаат да инвестираат, да вработуваат нови работници и очекуваат висок промет и добивка. 79% од испитаните компании повторно би инвестирале во Македонија. Од анкетата произлегува дека инвестициите и градењето на деловните врски пред се зависат од понатамошното подобрување на рамковните услови: мора да постои правна сигурност, да се покачи платежната дисциплина, а административните постапки, како и постапките за јавни набавки да бидат потранспарентни и поефикасни. Овие фактори се основни предуслови за да се стекнат нови, особено мали и средни германски претпријатија како инвеститори во Македонија“, смета Дикамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП