23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го смени тимот за преговори со доверителите

Грција го смени тимот за преговори со доверителите

cipi3

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска направил промени во својот тим кој ги води преговорите со странските доверители, откако неговиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, беше остро критикуван поради својот настап на минатонеделниот состанок со колегите од еврозоната во Рига.

Грција опасно се приближи до можноста да банкротира и вложува напори да постигне договор со доверителите, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за да успее да добие помош пред да остане без пари во следните две до три седмици.

Премиерот Алексис Ципрас и неговите советници изразија поддршка на изјавите на министерот за финансии Јанис Варуфакис и се согласија дека тој ќе го надгледува новиот тим кој ќе преговара со доверителите. Меѓутоа, исто така, го именуваа заменикот на министерот за надворешни работи Евклид Цакалотас за координатор на оваа експертска група, рекол за Reuters неименуван владин функционер.

Ова именување покажува дека Цакалотас, економист и професор кој завршил на престижниот универзитет Оксфорд, а за кого имаат симпатии претставниците на грчките доверители, отсега ќе има поактивна улога во преговорите коишто се водат далеку од очите на јавноста.

Варуфакис остана практично изолиран на средбата со министрите за финансии од земјите од еврозоната во Рига во петокот, токму во моментите кога на неговата владата очајнички ѝ е потребна нова финансиска помош за да го избегне банкротот, и со тоа можното излегување од еврозоната.

Подоцна беше жестоко критикуван во медиумите, поради тоа што не се појави на вообичаената вечера по средбата. Варуфакус, пак, одговори на Twitter со цитат на американскиот претседател Френклин Рузвелт. „Тие се сложни во својата омраза кон мене и јас ја поздравувам нивната омраза“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП