25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ нема да игра во Мадрид

Ѓоковиќ нема да игра во Мадрид

nole madrid

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерс турнирот во Мадрид, објави „Marca“. Најдобриот светски тенисер, поради повреда на скочниот зглоб, не играше на овој турнир и минатата година.

Ѓоковиќ на Мастерсот во Мадрид победил во 2011-та година, а два пати играл во полуфиналето (2007-ма загубил од Налбандијан, а 2009-та од Надал).

Пред две години српскиот тенисер во текот на мечот со Григор Димитров имаше вербални расправии со публиката. Во 2013-та година Ѓоковиќ беше елиминиран од Димитров во второто коло.

Следниот турнир на кој ќе настапи Ѓоковиќ е Мастерсот во Рим, каде ќе ја брани титулата и кој ќе му биде последна подготовка пред Ролан Гарос, единствениот Грен слем турнир на кој нема победено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП