20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови казни од 19 млрд. фунти на британските банки им се закануваат

Нови казни од 19 млрд. фунти на британските банки им се закануваат

article-0-13D1745B000005DC-277_634x466

Најголемите британски банки би можеле во наредните две години да платат дополителни 19 милијарди фунти (29 милијарди долари) на име на разни казни поради незаконски дејности во минатото, оцени агенцијата Standard & Poor’s (S&P) во извештај објавен денес.

S&P објави дека британските банки и кредитори во сопственост на клиенти во изминатите пет години веќе имаа 48 милијади фунти трошоци на име казни и судски спорови поради незаконски работи. На најголемите четири банки- Barclays, HSBC, Lloyds Banking Group и Royal Bank of Scotland- ќе отпаднат 42 милијарди фунти од вкупниот износ, што чини околу 7,5 отсто од нивните приходи, истакнува S&P.

S&P објави дека незаконски продадените осигурувањата за заштита од плаќање (PPI) кредити и хипотеки досега ги чинеле банките над 26 милијарди фунти. Агенцијата очекува дека банките во наредните две години ќе се соочат си дополнителни над 5 милијарди фунти кази поврзани за PPI.

Банките исто така може да очекуваат судски трошоци кои произлегуваат од истрагите за наводни манипулации на девизните пазари и манипулации со референтните каматни стапки, како и од истрагата за недоволната конрола во врска со перењето пари. S&P верува дека погодените банки ќе имаат доволно резервен капитал за да ги платат казните.

Банките веќе потрошија речиси 16 милијарди фунти за реструктуирање на своие деловни модели во време на финансиската криза од 2007 до 2009 година, како и пет милијарди фунти за трошоци поврзани со данокот на банките, објави S&P.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП