25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCapgemini ја купува американската IGATE за 4 милијарди долари

Capgemini ја купува американската IGATE за 4 милијарди долари

capgemini22

Француската технолошка компанија „Capgemini“ денеска објави дека ќе купи американскиот конкурент „IGATE“ за 4 милијарди долари, со што цели дополнително подобрување на својата позиција во Северна Америка.

„Capgemini“ претстави дека остварила приходи во износ од 3 милијарди долари за првото тримесечје на 2015-та година, изјави дека купувањето на „IGATE“ ќе донесе општи приходи на групацијата во износ од 13,5 милијарди долари во 2015-та година. Обединетата група ќе има околу 190.000 вработени и оперативна маргина од 10%, пренесуваат медиумите.

Спојувањето е одобрено од одборите на двете компании и мнозинството од акционерите на „IGATE“.

„Тоа ќе ни даде нов статус на американскиот пазар“, рече главниот извршен директор на „Capgemini“, Пол Хермелин.

„Capgemini“ веќе подолго време се насочува кон проширување на своето присуство во Северна Америка, која според француската компанија е најиновативниот пазар во светот што се однесува до технологијата и услугите. Северна Америка беше и најсилниот регион на „Capgemini“ во првото тримесечје со 34% раст на профитот, поттикнат од посилниот долар.

Според зборовите на Хермелин меѓу главните клиенти на „IGATE“ во Северна Америка се „General Electric“ и „Royal Bank of Canada“.

Купувањето ќе се финансира делумно со сопствени средства и преку зголемување на капиталот, соопшти француската компанија. Зголемувањето на капиталот ќе го покачи бројот на акциите за не повеќе од 6%. Остатокот од стекнувањето ќе биде финансирана преку долг.

Главниот извршен директор на „Capgemini“, Пол Хермелин додаде дека компанијата не планира поголеми аквизиции во следните две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП