25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air најави програма за млади пилоти

Wizz Air најави програма за млади пилоти

Flight_deck_version_2

Најголемата ниско-буџетна авио компанија во централна и источна Европа, Wizz Air во понеделникот го објави договор за партнерство со две реномирани организации за тренинг за обезбедување на обука за млади пилоти за потребите на својата кoмпанија.

Обуките ќе почнат во септември 2015-та, а во истата првично ќе бидат вклучени над 40 пилоти годишно. Обуките ќе се вршат според „EASA“ регулацијата и ќе вклучуваат интегрирани обуки за „ATPL“, комбинирани со обуки за „Airbus A320“.

По јавното тендерирање и извршената евалуација „Wizz Air“ ги одбра „CTC Aviation“ и „Central European Flight Academy“ да ги организираат обуките.

Младите пилоти ќе се обучуваат и ќе ги развиваат своите вештини кои се релевантни и фокусирани кон оперативните потреби на „Wizz Air“ и за поддршка на забележителниот раст на компанијата со високо квалитетни и комплетно обучени копилоти со завршена обука. Оваа програма за обука ќе им овозможи на оние кои ќе ја завршат обуката директно да се вклучат како копилоти во компанијата летајќи го авионот „Airbus A320“ на „WIZZ“-овите летови по завршување на целокупната обука. На копилотите им се нуди одлична шанса за кариерен развој и напредување до рангот – капетан, по поминување на потребен број на години и искуство во воздухопловството.

Wizz Air“ им гарантира работа (според стекнатото знаење) по успешно завршување на обуката, со што ќе им помогне на учесниците да ги обезбедат потребните средства за финансирање на програмата. Ваков пристап ретко се среќава во авио-индустријата и е израз на посветеност на компанијата во пронаоѓање на најквалитетни млади пилоти на пазарот.

„Персоналот е срцето на „Wizz Air“ и ние сме среќни што можеме да понудиме шанса на една цела млада генерација на пилоти. Тие ќе станат дел од „Wizz Air“ семејството и ќе ја уживаат таа неверојатна можност да бидат директно вработени како копилоти во нашата флота на „Airbus A320“ и „A321“ авионите со можност да напредуваат во кариерата и да станат капетани и дел од менаџментот. Ова е едно возбудливо поглавје во нашата историја и ние со нетрпение очекуваме да го пронајдеме нашиот нов иден талентиран авио-екипаж“, изјави Дејвид Морган, шефот на летање и главен пилот во „Wizz Air“.

CEFA: За да дознаете повеќе во врска со програмата и како се применува, заинтересираните пилотите можат да ја посетат cefa.eu (достапна наскоро), јавете се на CEFA претставникот на: 31 (0) 20 304 3211 или на е-маил: [email protected]
CTC Aviation: За да дознаете повеќе во врска со програмата и како се применува, заинтересираните пилотите можат да ја посетите ctcaviation.com/wizzair, јавете се на тимот за кариера на CTC Aviation на +44 (0) 2380 742 400 или на е-маил: [email protected]

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП