29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХуманитарна акција на вработените во Атлантик Групa во соработка со Црвениот крст...

Хуманитарна акција на вработените во Атлантик Групa во соработка со Црвениот крст на Скопје

AG

Вработените во компанијата Атлантик Групa во Македонија, во соработка со Црвениот крст од Скопје, иницираа хуманитарна акција во која вработените, заедно со своите семејства, ќе донираат облека, обувки, постелнини, прехранбени производи, книги, покуќнина, детски играчки и се што може да им помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови. За таа цел, во наредните неколку дена, вработените организирано ќе собираат работи за донации, кои потоа ќе бидат доставени до Црвениот крст на Скопје, а оттаму ќе бидат дистрибуирани таму каде што е најпотребно.

Одговорноста кон своите вработени, деловни партнери, финансиската заедница, животната средина, како и одговорноста спрема јавниот сектор и пошироката општестевена заедница, е составен дел на корпоративната стратегија на Атлантик Групaта, која континуирано настојува своето општествено одговорно работење во сите сегменти да го прилагоди на регионалните услови и потребите на земјите во кои работи, вклучувајќи ја и Македонија. Преку своите корпоративни вредности – страст во работата, одговорност кон секојдневните обврски и креативен и отворен пристап кон работата, Атлантик Група исто така ги потсетува своите вработени дека составен дел од нивната работа е и оној дополнителен напор и задоволство кога се прави нешто убаво и корисно за нас и нашата заедница, што е најдобар доказ за постоење на разбирање и солидарност. Се надеваме дека и оваа хуманитарна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест и дека ќе им помогне на најзагрозените семејства, кои често се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена” – изјави Елизабета Мирчевска, директор за човечки ресурси во Атлантик Групa-Македонија.

Оваа донација е само една од низата активности кои ги презема Атлантик групa за подобрување на квалитетот на живот на најзагрозените социјални категории  на кои помошта им е најпотребна,  и на тој начин настојува да го даде својот придонес и да го насочи вниманието кон решавање на некои од клучните проблеми со кои се соочуваме во време на криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП