25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШестмина технолошки милијардери заработија 13,4 милијарди долари

Шестмина технолошки милијардери заработија 13,4 милијарди долари

paricinja

Технолошкиот индекс „Nasdaq“ неодамна ја помина за прв пат границата од 5.000 поени, а во петокот за прв пат од пред 15 година достигна и 5.100 поени.

Историски високите нивоа на индексот се невидени од 2000-та година и се должат на подобрите од очекуваните резултати на дел од компаниите. Тоа, природно, се одрази и на богатството на нивните најголеми акционери, како и директорите на технолошките гиганти.

Најголем раст за една недела забележа богатството на Џеф Безос, претседател и најголем акционер во „Amazon“. Безос додаде 5,8 милијарди долари и веќе поседува над 40 милијарди долари. Приходите на „Amazon“ за првиот квартал забележаа раст од 49% или до 1.57 милијарди долари, а приходите достигнаа 265 милијарди долари.

Поранешниот извршен директор на „Microsoft“, Стив Балмер поседува 333 милиони акции од компанијата. Благодарение на подобрите од очекуваните резултати за првиот квартал, акциите поскапеа за 15%. Тоа значи раст од 2,1 милијарди долари на богатството на Балмер.

Коосновачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, кој е и најбогатиот човек во светот во моментов со 86,6 милијарди долари, поседува 239.4 милиони акции, но тоа е еквивалентно на раст од 1,5 милијарди долари за една недела.

Од своја страна, акциите на „Google“ ја зголемија својата вредност за 8% што им донесе по околу 1,5 милијарди долари на нејзините двајца коосновачи Лари Пејџ и Сергеј Брин. Според последните податоци на „Bloomberg“, двајцата поседуваат 31.7 и 31.5 милијарди долари.

Основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг додаде 0,4 милијарди долари или до 35.9 милијарди долари. Цукерберг се наоѓа на 16-тото место меѓу најбогатите луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП