29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе зголеми тримесечниот профит на American Airlines

Се зголеми тримесечниот профит на American Airlines

american-airlines11

„American Airlines Group Inc.“ е уште еден голем американски превозник кој објави раст на профитот за првиот квартал како резултат на силна домашна побарувачка и падот на цените на горивата, соопштува „Bloomberg“.

Во петокот авиокомпанијата соопшти дека профитот без еднократни ефекти изнесува 1,2 милијарди долари, или 1,73 долари по акција, што е три пати повеќе од минатата година. Тоа надминува проекциите од 1,70 долари по акција. Продажбата се намали за 1,7% до 9,83 милијарди долари, што се совпаѓа со прогнозите на аналитичарите.

„American Airlines“ е последната од шесте најголеми американски авиокомпании, која според податоците собраните од „Bloomberg“ ќе достигне рекордни 2,9 милијарди долари профит. По добрата презентација во Северна Америка, има контраст на резултатите на некои од меѓународните пазари, каде силниот долар и слабата побарувачка се одразија негативно на продажбата.

Предвидувањата на „American Airlines“ се дека, иако според првичните планови внатрешниот капацитет на компанијата да требаше да порасне за 3%, зголемувањето ќе е со вредности помеѓу 2 и 3%. Бројот на места исто така забележи раст од 2% во споредба со претходните проценки за раст меѓу 2 и 3%.

Трошоците за повеќето авиони на „American Airlines“ се намалија за цели 43% за последната година, откако просечната цена на галон гориво падна речиси двојно, достигнувајќи 1,83 долари за галон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП