19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Amazon пораснаа за 15 проценти

Приходите на Amazon пораснаа за 15 проценти

amazon1156

Американскиот гигант за онлајн трговија „Amazon“ објави дека приходите во првиот квартал од оваа година се поголеми од очекувањата на аналитичарите, благодарение на растот на продажбата во северна Америка, главниот пазар за оваа компанија.

За поголеми приходи од очекуваните придонесе и големиот раст на работењето на одделението за услуги – дематеријализираното „cloud“ складирање на податоци, чиј резултат за прв пат беше објавен.

Приходите во првиот квартал се зголемени за 15 проценти, на 22,7 милијарди долари (21 милијарда евра), надминувајќи ја просечната оценка на аналитичарите од Волстрит која изнесуваше 22,39 милијарди долари.

Продажбата во северна Америка е зголемена за 24 проценти, на 13,4 милијарди долари, а онаа не меѓународно ниво, каде „Amazon“ остварува 35 проценти од своето работење, е намалена за 1,77 проценти, на 7,75 милијарди долари, пренесе вчера Ројтерс.

„ Amazon Web Services (AWS)“ одделението за „cloud“ складирање на податоци, оствари скок на продажбата од 49 проценти, на 1,57 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП