25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата продолжува да расте

Цената на нафтата продолжува да расте

nafta 220

Цената на нафтата во Лондон порасна денеска блиску до највисоката вредност во оваа година, заради загриженоста во врска со снабдувањето од Блискиот исток по новите воздушни напади во Јемен.

На Лондонската берза цената на барел порасна за 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 65,45 долари.

Утрово цената ја достигна највисоката вредност од 10-ти декември минатата година, од 65,69 долари.

На американскиот пазар барелот се тргуваше за десет центи пониска цена, од 57,64 долари, откако во четвртокот е забележан скок на цената од 1,58 долари.

Цената на договорите за испораки во мај во четврток достигнаа највисока вредност во оваа година од 58,41 долар и е на пат шест недели по ред да биде во добивка.

Послабиот долар и силните економски показатели од Европа и Азија исто така влијаеа врз цените на нафтата, кои овој месец скокнаа речиси десет долари, заради растот на тензиите на Блискиот исток и забавувањето на растот на американското производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП