Барселона во полуфиналето во Лигата на шампионите за противник го доби минхенски Баерн. Тренерите на двата клуба се поранешните соиграчи од Барселона, Луис Енрике и Пеп Гвардиола.
„Ќе биде ова наш прв меѓусебен дуел, негов прв меч против Барселона. Пеп е еден од најдобрите светски тренери. Освоил многу титули, го разбира фудбалот. Тој е мој пријател. Сметам дека ова ќе биде посебен натпревар“, изјави Енрике.