24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвештајот на Caterpillar ги надмина очекувањата

Извештајот на Caterpillar ги надмина очекувањата

caterpillar23

Финансиските резултати на компанијата за тешка опрема „Caterpillar“ во првиот квартал значително ги надмина прогнозите.

Нето добивка за периодот порасна за 20% на годишно ниво или до 1,11 милијарди американски долари, или 1,81 долари по акција. Со исклучок на еднократните трошоци за реструктуирање, добивката по акција e 1,86 долари, а приспособен е профит кој вклучува 14 центи по акција од продажбата на акциите во логистичка компанија. Резултатот го надмина консензусот на „FactSet EPS“ од 1,35 долари по акција.

Приходите опаднаа за 4% до 12,7 милијарди долари поради тековната слабост во рударството и градежниот бизнис, но надмина го консензусот на „FactSet“ од 12,4 милијарди долари.

Од „Caterpillar“ ја потврдија својата прогноза за годишните приходи од 50 милијарда долари, но ги кренаа предвидувањата за добивката по акција до 4,70-5,00 долари од 4,60-4,75 долари.

„Фокусот врз оперативното подобрување, вклучувајќи ги јасните производствени и менаџерски трошоци, ни помагаат во тежок момент за некои од нашите важни периодични бизниси“, изјави главниот извршен директор Даг Оберхелман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП