24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да бидете во право дури и кога грешите

Како да бидете во право дури и кога грешите

BusinessMeetingDebate061411iStock_0

Обичната дебата многу лесно може да се претвори во војна. Кога ќе се случи тоа, речиси е невозможно да ја убедите другата страна во вашето мислење.

Меѓутоа, постои крајно смирен и културен начин како тоа да го направите, без насилство.

Ова се најуспешните тактики кои ќе ви помогнат на крајно мирољубив и учтив начин да ја убедите другата страна дека сте во право.

Не се обидувајте да победите

Нападот на нечии идеи ги става во позиција во која или ќе се браните или ќе напаѓате. Кога ќе се најдете на работ, повеќе ништо не можете да направите освен да влезете во конфликт.

Бидете љубезни

Аргументите не се секогаш рационални. Почитуавајте ги туѓите гледишта, без оглед на тоа колку тие ви изгледаат смешни.

Поставувајте прашања со отворен крај

Ваквите прашања компетитивниот разговор ќе го претворат во кооперативна соработка.

Бидете самоуверени

Луѓето не ги слушаат најпаметните лица во просторијата. Истражувањата откриваат дека луѓето ги слушаат лицата кои се однесуваат како да знаат што е правилно.

Не прашувајте зошто, туку како

Студија од 2013 година покажа дека кога лицата со екстремни ставови мораат да објаснат како нивните ставови се точни, наместо зошто, биле значително посамоуверени во своите убедувања.

Одете подалеку од анегдотите

Ако сакате сериозно да ве сфатат, не користете само анегдоти, потребни ви се податоци, како оние од студии и истражувања.

Користете графикони

Луѓето веруваат во научниците, со самото тоа ќе веруваат и во научниот пристап, како објаснувањето на ставовите преку графикони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП