24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC се штити од кражбите на Samsung

HTC се штити од кражбите на Samsung

htc

Претседателот на „HTC“, Џон Мекензи за време на интервјуто во врска со моделот „HTC One“ не ја пропушти можноста да упати неколку остри зборови на сметка на компанијата „Samsung“ и нејзината политика на работа.

Не е тајна дека „HTC One“ има високо квалитетна и реномирана камера. Сликите се одлични, а „HTC“ додаде и бројни интересни функции за корисниците, како што е сликањето во серија и камера за забавено снимање.

Меѓутоа се чини дека секој паметен телефон кој може да се купи денеска ги има истите овие можности, а тоа го разбеснува „HTC“.

Мекензи во текот на интервјуто го одвлече вниманието за слабата рекламна кампања на „HTC One“, која доста добро беше претставена со мото на компанијата „Ненаметливо брилијантен“.

Тој исто така нагласи дека кампањата била можеби премногу „ненаметлива“ што и дозволила на конкуренцијата, како што е „Samsung“, да ги искористи некои од овие иновации во своите уреди, кои биле многу подобро рекламирани.

Па така корисниците овие иновации ги поврзуваа со „Samsung“, а не со „HTC“ кој всушност и ги пронајде.

Мекензи сега тврди дека компанијата ќе ги заштити сите имиња на функциите кои ќе се најдат во „HTC One“, како што се „BlinkFeed“, „BoomSound“ и „UltraPixel“.

Од компанијата сега планираат интезивно да ги рекламираат своите производи во текот на целата година, а не само пред појавувањето на новиот модел во продажба.

Изгледа дека и „HTC“ е подготвен да се придружи во борбата која досега беше ексклузивно резервирана за „Apple“ и „Samsung“, а очигледно се чини дека може да им биде достоен противник на овие компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП