24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамалете ги килограмите и надуеноста со овој вкусен напиток

Намалете ги килограмите и надуеноста со овој вкусен напиток

IMG_4282-1024x682

Опстипацијата (запекот) или лошата исхрана се најчестите причинители за надуеност во стомакот и вишокот килограми.

Сакате ли да се ослободите од ова неудобно чувство и да посегнете по вкусен напиток со кој, само со неколку голтки ќе ги решите проблемите со варењето, а ќе си овозможите чувство на ситост и задоволство.

Влакната кои се наоѓаат во овошјето и темното чоколадо, како и кофеинот го забрзуваат метаболизмот и варењето, па помагаат и при губењето на килограми.

Состојки:

1 шоља јагоди

1 шоља малини

2 лажици темно чоколадо во прав (или 2 реда)

1 шоља млеко (со намалена масленост)

1 шоља лед

Подготовка:

Состојките ставете ги во блендер и мешајте додека смесата не се изедначи. Напитокот испијте го наутро или меѓу ручекот и вечерата и уживајте во вкусен и здрав десерт кој ќе ве засити и ќе ве ослободи од надуениот стомак, а воедно и ќе ви помогне да ги намалите килограмите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП