18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖителите на Виена не ја сакаат Олимпијадата

Жителите на Виена не ја сакаат Олимпијадата

Stephansplatz-Wien

Градоначалникот на Виена, Мајкл Хојпл изјави дека првите резултати од референдумот покажуваат дека 72 проценти од граѓаните на овој град се против кандидатурата на главниот град на Австрија за организирање на Летните олимписки игри во 2028-та година.

„Очигледно е дека мнозинството граѓани сметаат дека Виена не би имала корист од тоа да биде домаќин на Олимписките игри“, изјавил Хојпл.

Референдумот на кој граѓаните на Виена ќе одлучат дали градот да се кандидира за организатор на Олимписките игри ќе трае до следниот понеделник, но првиот човек на главниот град на Австрија мисли дека нема да дојде до драстични промени во крајниот исход од изборите, на кој нешто повеќе од еден милион и 100 илјади луѓе имаат право на глас.

Виена во 1964-та година се кандидираше за Олимписките игри, но на крајот тие му беа доделени на Токио.

Австрија во 1964-та и 1976-та година беше домаќин на Зимските олимписки игри кои се оддржаа во Инсбрук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП