19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТест: Кога сте најпродуктивни на работа?

Тест: Кога сте најпродуктивни на работа?

produktivnost2

Направете го тестот и откријте го вашето идеално време од денот за работа. И покрај фактот дека за повеќето од нас работата значи рано станување и фиксно работно време, продуктивноста на работа зависи и од поединечниот биоритам.

Дали сте ранобудник или подобро функционирате во попладневните и вечерните часови откријте во овој тест.

 

1.Што правите прво кога ќе пристигнете на работа

а) Ги организирате обврските за почеток на работниот ден

б) Ја читате поштата

в) Пиете кафе

 

2.Кога треба да направите нешто важно

а) Веднаш започнувате да работите на тоа

б) Правите тоа да биде приоритет во однос на другите работни обврски

в) Се подготвувате да останете подолго време на работа

 

3.Викендот и за време на празниците…

а) Станувате рано со цел да го искористите целиот ден

б) Станувате малку покасно, но сепак на време за да направите нешто пред ручекот

в) Спиете подолго за да го надокнадите спиењето

 

4. Во колку часот си легнувате за време на работната недела

а) Зависи, но обично набргу по вечерата

б) Рано, за да немате проблеми со будењето наутро

в) Никогаш пред 2 часот наутро

 

5.Совршен почеток на денот за вас претставува…

а) Брзо ги обавувате потребните работи и преминувате на работните задачи

б) Го започнувате денот со доручек и вежби

в) Чувството дека е викенд

 

6. Која од следниве поговорки се однесува на вас?

а) Кој рано рани две среќи граби

б) Не оставај за утре ништо што можеш да го направиш денес

в) Подобро некогаш отколку никогаш

 

Решение:

Ако најголем број од одговорите ви се под А, тогаш вие сте типичен ранобудник.

Секогаш први пристигнувате на работа, подготвени и желни за работа. Немате проблем со станувањето, а доколку имате време сакате да се вклучите и во утринската рутина на вежбање или трчање. Го сакате чувството дека нешто позитивно сте допринеле на работното место и не сакате кога работата ви се наталожува. Утрото е вашиот совршен дел од денот, а доколку треба подолго да останете на работното место тоа за вас е вистински кошмар.

Доколку најмногу одговори имате под Б, вие најдобро функционирате во средината на денот.

Вие не станувате многу рано и потребно ви е одредено време за да се расоните. На работното место најпродуктивни сте во средината на работниот ден, а утрото ви служи за да ја организирате работата и да ја подготвите агендата за остатокот од денот. Ваша предност е тоа што не ви се намалува концентрацијата по појадокот како кај повеќето, туку спротивно, вие тогаш сте расонети и подготвени да го дадете својот максимум.

Доколку најмногу одговори имате под В, вие сте дефинитивно ноќна птица.

За вас најголем проблем претставува фактот дека треба да се вклопите во стандардното работно време. Тешко станувате, а на работа во текот на утринските часови немате концентрација. За вас не претставува проблем да останете покасно на работа, бидејќи вие тогаш се вклучувате во работната средина и тогаш сте најпродуктивни. Добро функционирате кога работите под притисок и сакате да работите самостално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП