29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога да ги вклучите препораките во пријавата за работа?

Кога да ги вклучите препораките во пријавата за работа?

CV-620x330

Често се наоѓаме во ситуација во која не сме сигурни дали треба или не треба да ги вклучиме препораките во пријавата за работа.

Што се однесува до препораките, постои само едно правило и тоа е многу јасно – ако во огласот за работа пишува дека се потребни препораки, вклучете ги. Доколку тие не се бараат, едноставно немојте.

Кога во огласитe за работа е назначено дека е потребно да испратите и препораки, во пријавата за работа вклучете ги и препораките како посебен документ. Наведете име и презиме, титула, називот на компанијата, адресата, бројот на телефон и мејлот како контакт од личноста која ви ја дала препораката.

Ако вклучите нечие име како референца, или неговиот контакт, морате да имате на ум дека тоа мора да го знае таа личност. Исто така, таа личност мора да ја известите дека наскоро некој би можел да ја контактира поврзано за препораката.

Овозможете и дополнителни информации за работата за која се пријавувате за да може да го поврзе претходното ваше работење и искуство со квалификациите кои се потребни за новата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП