24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСандро Росел обвинет за превара

Сандро Росел обвинет за превара

Sandro Rosell, Shimon Peres

Претседателот на Барселона, Сандро Росел е обвинет дека неговата маркетинг компанија „Аиланто“ нелегално го организирала пријателскиот натпревар меѓу Бразил и Португалија во 2008-та година.

Бразилското обвинителство нагласи дека Аиланто, спортска маркетинг компанија чии сопственик е Росел, била ангажирана да ја организира средбата, а претходно не била во кадидатската постапка.

Како што е истакнато од обвинителството компанијата на Росел се послужила со лажен документ како договор за организирање на натпреварот.

Тужителството исто така тврди дека Аиланто добила четири милиони долари да го организира дуелот во Бразил.

Росел, кој е на челото на Барселона од 2010-та година, би можел да биде осуден на осум години затвор во Бразил, доколку официјално биде обвинет и прогласен за виновен.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП