29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntesa Sanpaolo на патеката кон профитот

Intesa Sanpaolo на патеката кон профитот

intesa11

Италијанската банка „Intesa Sanpaolo“ минатата година се врати на патеката кон профитот, благодарение на поголемите приходи од тргувањето и намалувањето на трошоците.

Втората најголема италијанска банка оствари профит од 1,6 милијарди евра во 2012 година, во споредба со загубата од осум милијарди евра во 2011 година, која беше последица од големиот отпис на вредноста на инвестициите, пренесува агенцијата АП.

Банката во четвртиот квартал од минатата година загуби 83 милиони евра, што е подобар резултат од загубата од 10 милијарди евра која ја забележа во истиот период во 2011 година.

Во соопштението на банката се наведува дека нејзиниот основен капитал е зголемен за 11,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП