28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродадени седум нови парцели во битолската индустриска зона „Жабени“

Продадени седум нови парцели во битолската индустриска зона „Жабени“

zabeni1

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески информираше дека по вчерашното електронско наддавање во индустриската зона „Жабени“ се продадени седум нови парцели по мошне поволна цена од 71 денар за метар квадратен. Покрај парцелите во „Жабени“, продадени се и други локации во градот каде ќе се градат станбени објекти и објекти за индивидуално домување.

-Во индустриската зона „Жабени“, продадени се нови седум парцели за стопанство. Моите сознанија се, од она што го имам како сознание за вчерашното наддавање, дека новите инвеститори во ИЗ „Жабени“ се домашни инвеститори, наши стопанственици“, рече на вчерашниот прес битолскиот градоначалник Владимир Талески, додавајќи дека парцелите за индивидуално домување постигнале различни цени по метар квадратен и се движат од 577 до 3.400 денари, додека парцелата за колективно домување е продадена по цена од 4.160 денари.

Сите инвеститори, според правилата за градба, имаат обврска во рок од 9 месеци да ја завршат процедурата за добивање дозвола за градба, а во рок од 6 години да го завршат и пуштат во употреба својот објект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП