29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТ-Мобиле им подари Samsung Galaxy S6 на десет корисници

Т-Мобиле им подари Samsung Galaxy S6 на десет корисници

13

На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т – Мобиле им приреди несекојдневно изненадување на своите корисници. Во трговскиот центар Сити мол на 19 април, десет корисници добија на подарок Samsung Galaxy S6, преку одговарање на едноставни прашања со СМС.

„Ова за мене беше специјален неделен ден. Ден предходно од медиумите се информирав за настанот. Земав учество и испратив СМС пораки со точни одговори. Па така, на мое огромно изненадување, станав еден од добитниците на телефонот Samsung Galaxy S6. Ова ми е првпат да добијам ваков ексклузивен подарок. Им благодарам на Т-Мобиле за изненадувањето. До сега само ги читав одличните критики за телефонот, а сега едвај чекам да го користам и лично да се уверам во карактеристиките на одличниот Samsung Galaxy S6“, изјави возбудено Дарио Королио од Куманово, еден од добитниците на најновиот телeфон од серијата на Samsung.

Имаше изненадување и за сите корисници кои тој ден во Телеком продавницата во Сити мол купија Samsung Galaxy S6 или S6 Edge, и го добија одличниот Samsung S5 mini за 1МКД.

Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge, кои што во редовна продажба ќе се најдат почнувајќи од 20 Април, се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.

13

Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.

Телефоните Samsung Galaxy S6 имаат предна 5-мегапикселна и задна 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти.

aac

06

01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП