20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси стигна до 400 погодоци за Барса

Меси стигна до 400 погодоци за Барса

mes

Лионел Меси во својата 11-та сезона стигна до 400-от гол во дресот на Барселона. Меси до јубилејниот гол стигна во 94-та минута од натпреварот со Валенсија на кој Барса победи со 2:0.

Аргентинецот во Барселона пристигна во 2003 година, а за првиот тим дебитираше една година подоцна. Во дресот на каталонскиот гигант има одиграно 471 натпрвари.

На мечот со Валенсија Меси го постигна  278-от гол во Примера, а има постигнато уште 75 голови во Лигата на шампиони, 32 во Купот на Кралот, 10 во Суперкупот на Шпанија и четири на Светското првенство за клубови.

Со Барселона има вкупно освоено 21 трофеј, четири пати е прогласуван за најдобар светски фудбалер. Аргентинецот во март стана најдобриот стрелец на Барселона на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП