25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го победи Надал за ново финале

Ѓоковиќ го победи Надал за ново финале

gjole

Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Мастерс турнирот во Монте Карло откако во полуфиналето за 97 минути славеше над Рафаел Надал со 6:3, 6:3. Ѓоковиќ, кој во 2013 година победи во ‘малото кнежевство’, против Надал ја забележа 20-та победа во нивиот 43-ти меѓусебен дуел.

Пресметката на Ѓоковиќ и Надал беше прва нивна по минатогодишното финале на Ролан Гарос во кое победи Шпанецот.

Првиот светски рекет, против осумкратниот победник на овој турнир, одигра извонреден меч, иако Надал во првиот гем направи брејк кој потоа го потврди, но до крајот на првиот сет Ѓоковиќ освои шест, а Надал само еден гем.

Во вториот сет, Надал беше конкурентен до резултатот 3:3, кога Ѓоковиќ успеа да направи брејк, потоа го освои лесно својот сервис гем и со нов брејк го заврши мечот.

Противник во финалето на Ѓоковиќ ќе му биде Чехот Томаш Бердих, против кого Србинот во меѓусебните дуели води со 18:2.

Финалниот меч во Монте Карло ќе се одигра в недела со почеток во 14:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП