23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКои се недостатоците на Samsung Galaxy S6?

Кои се недостатоците на Samsung Galaxy S6?

pro sams

Новиот премиум модел на „Samsung“ – „Galaxy S6“ во двете варијанти, забележа исклучителен интерес од страна на корисниците. Нешто повеќе, моделот со заоблени краеви веќе беше исцрпен на многу од пазарите, на кои е достапен за продажба.

Шестата верзија на моделот веќе се одредува како најдобар „Android“ – паметен телефон на пазарот. Како секое нешто, сепак и овој паметен телефон не е совршен.

Кои точно проблеми стојат пред корисниците на овој нов паметен телефон?

Тоа се три проблеми – батеријата не е заменлива, немаат слот за проширување на меморијата и не се отпорни на вода и прашина.

Се разбира, сериозен проблем за некои корисници може да е и високата цена на двете верзии. Практиката покажува дека три месеци по појавувањето на моделот во продажба цената му паѓа за помеѓу 10 и 20%.

pro sams1

И додека последните два проблема би можеле да се проголтаат од корисниците, проблемот со батеријата може да е доста проблематичен. По многу барања, од „Samsung“ определија каква ќе биде цената за замена на батеријата во овластените сервиси на компанијата.

На прво место, корисниците треба да знаат дека батеријата е со гаранција од една година и таа ќе биде бесплатно заменета, ако е неисправна, или во рамките на првата година од користењето на смартфонот загуби 20% од својот живот. Се разбира, трошоците за испраќање на смартфонот до овластените сервисери се за сметка на корисниците.

По истекот на гарантниот период замената на неисправна батерија ќе се наплати 45 долари. Ова е далеку пониска цена во споредба со бараните 79 долари за замена на батеријата на конкурентските „iPhone“ модели на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП