„John Sowden House“ е луксузна резиденција изградена во 1926 година во Лос Фелиз…
Оваа спектакуларна вила во Лос Анџелес сега повторно се најде на пазарот. Нејзиниот сопственик Џон Совден бил сликар и фотограф, кој го ангажирал својот пријател Лојд Рајт, за да му изгради вила во Лос Фелиз.
Оваа вила ја носи титулата еден од најдобрите ремек дела на Лојд Рајт и претставува обележје на овој дел од градот. Има импозантен мајански стил на својата предна фасада и елементи во стил на будистичките храмови.
Оваа вила е позната и по употребата на орнаментирани бетонски коцки и по интересната фасада која потсетува на влез во мајански храм или отворена уста на голема бела ајкула, во зависност од аголот на набљудување.
Има површина од околу 700 квадратни метри и во нејзината околина има прекрасна природа. Таа сега претставува модерна луксузната резиденција со луксузни елементи кои се во склад со ремек делото на архитектурата. Таа може да биде ваша по цена од 5 милиони долари.