28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛегендарно италијанско студио се врати на сцената (фото+видео)

Легендарно италијанско студио се врати на сцената (фото+видео)

ats

„ATS“, легендарното италијанско ателје што во 60-тите години на минатиот век се занимаваше со изработка на спортски автомобили, се врати на сцената со ново супервозило – „2500 GT“, кое го обединува ретро-дизајнот и напредната технологија.

Ова е прв проект на компанијата од 1963-та година. Тогаш беше претставена и првата верзија на моделот „2500 GT“. Нејзиниот наследник има класичен изглед за тоа време, но технички е целосно современ. Самата каросерија е од јаглеродни влакна и алуминиум.

ats1

Автомобилот е управуван од „V8“ мотор со моќност од 640 КС, кој врти до 10.000 врт/мин. Моторот може да работи, како со 6-брзински мануелен менувач, така и со секвенцијален менувач со ист број на брзини.

Од компанијата-производител тврдат дека забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2,9 секунди, а максималната брзина е 340 км/ч. Поинтересно е дека „2500 GT“ не располага со „ABS“ систем. Тежината на возилото е 950 кг.

ats2

Самата компанија „ATS“ (Automobili Turismo e Sport) е основана во 1962-ра година од група на вработени отпуштени од „Ferrari“. Меѓу нив се две легендарни личности – Карло Кити и Џото Бицарини. Инженерите си обезбедуваат финансиската помош од инвеститор од Венеција и една година подоцна го создаваат проектот „2500 GT“.

ats3

Возилото, сепак излегува во мала серија и инвеститорот губи интерес. Компанијата е затворена, но пред неколку години беше оживеана благодарение на напорите на дизајнерот Емануел Бомбои, кој е во основата и на новиот „2500 GT“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП